Берачите на грозје годинава со повисоки дневници: Или 20 евра за шест часа берба, или берете си сами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Добар ден, ни требаат луѓе за берба на грозјето.

-Здраво, после пет дена ако ви одговора, зафатени сме. Од дома не земате во шест часот, имаме пауза за појадок на лозјето, береме до 12, а потоа не враќате назад. Од човек 1.200 денари, ние сме група од 10 лица, сите заедно доаѓаме.

-Потребни ни се само шест берачи

-Тоа ви е, или сите, или никој. Ако не ви одговара, берете си сами – вака најчесто течат разговорите помеѓу лозарите и берачите, во ек на гроздоберот во Тиквешијата.

Ставени пред свршен чин, бидејќи нема доволно берачи во регионот, многу лозари се принудени да се согласат со нивните услови, со цел побргу да се обере грозјето и да се однесе во откупните пунктови, додека се уште има откуп.

Ако минатата година за време на гроздоберот во Тиквешијата дневниците на берачите на грозје изнесуваа 1.000 денари, годинава без 1.200 денари, за помалку од шест часа берба, тие не планираат да работат.
Најголемиот број на берачи се дојдени од Штип и Кочани, сместени во изнајмени соби или шатори. Станува збор за Ромски семејства, кои на лозје ги носат и малолетните деца, и бараат дневници и за нив, без оглед колку грозје можат да наберат.

Лозарите, покрај маките со ниската откупна цена и слабиот откуп годинава, се жалат дека најголем дел од она што треба да го заработат им оди на берачите.

-Имам три сорти на грозје, значи се бери во три дена. Тоа ви се 600 евра само за берачи, кои веднаш на рака се исплаќаат. За останатите трошоци да не зборуваме. Ако до 12 часот грозјето не е набрано, им доплаќаме по 200 денари од час, за да не остане на лозјето, да не треба нареден ден повторно цела дневница да ни земат, за малку работа – појаснуваат лозарите.

Појадокот и ручекот за берачите се посебна приказна. Речиси сите бараат од оној кој ги ангажира за берба да им донесе појадок на лозјето, а за ручек бараат хранарина од 100 денари.

Не така одамна, дневниците на берачите изнесуваа 600 денари. Изминативе години, редовно се зголемуваат, а цените на грозјето остануваат исти, дури и пониски од порано.

Сепак, берачите немаат слух за проблемите на лозарите. Минатата година берачи за ,,Фокус” појаснуваа дека со цело семејство остануваат по 40 дена во градот, а одат на берба наутро, но и поручек, ако некој ги викне, за што наплаќале од час. На шега раскажуваа дека Неготино им е како Германија, бидејќи со големи суми на пари се враќале назад и цела зима живееле со заработката од гроздоберот.

-Има семејства со 15 члена, кои си одат дома со околу 10.000 евра заработка-појаснуваа тие.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арианит Хоџа, вчера изјави дека се прават напори да им се излезе во пресрет на лозарите, кои бараат загарантирани откупни цени, базирани на зрелоста на секоја сорта, без можност за манипулација и под тие цени никој да не може да откупува.

Фокус мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This