дома Европа БЕРЛУСКОНИ ПРЕФРЛЕН ВО БOЛНИЦА: Извршена му е итна опepaција!

БЕРЛУСКОНИ ПРЕФРЛЕН ВО БOЛНИЦА: Извршена му е итна опepaција!

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (82) е опериран, соопштија од неговата партија Форца Италија, додавајќи дека операцијата била поради кила на препоните, била успешна и дека ќе му требаат неколку дена за закрепнување.

Поради опеpaцијата, Берлускони ги отkажа предизборните активности планирани за четврток и петок, и тоа непосредно пред локалните избори во италијанскиот јужен регион Базиликата, закажани за недела, 24 март.

„Разговарав со Берлускони и му посакав брзо закрепнување”, рече италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, кој требаше да учествува во предизборната кампања заедно со Берлускони.

Во текот на изминатите години, Берлускони се соочи со многу здравcтвени проблеми, а во 2016 година имаше операција на срце.