дома Локално Беровчани повторно кажаа дека сакаат унитарна и суверена Македонија, а не двојазична...

Беровчани повторно кажаа дека сакаат унитарна и суверена Македонија, а не двојазична држава

Берово повторно обоено во црвена и жолта боја, граѓаните повторно во голем број дадоа поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Беровчани повторно мирно го изразија својот револт поради тоа што одредени политичари, со желба по секоја цена да дојдат на власт, спремни да си играат со националните интереси на Република Македонија.