дома Политика БЕСА НЕЗАДОВОЛНИ ОД ИЗБОРНАТА КАМПАЊА: Секојдневно се демолираат наши штабови, МВР нема...

БЕСА НЕЗАДОВОЛНИ ОД ИЗБОРНАТА КАМПАЊА: Секојдневно се демолираат наши штабови, МВР нема решено ниту еден случај!

Во текот на ноќта демолиран е штабот на Движењето БЕСА во населбата Скопје Север во општина Бутел. За среќата, во овој инцидент нема повредени лица.

Секојдневно се демолираат штабови, а полицијата на чло со Оливер Спасовски нема расчистено ниту еден инцидент.

Во врска со демолирањето на штабот од Движењето БЕСА, велат дека ќе побараат од органите за спроведување на законот да го разјаснат случајот.

Исто така, на пазарот во Бит Пазари, искинати се постери на кандидатот на Движењето БЕСА за општина Чаир, Зеќирија Ибрахими.

Претходно непознати сторители го демолираа седиштетот на Демократската партја на Србите на Македонија во Скопје.

Таа партија, чиј претседател е Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.

Искршено беше и стаклото на излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Кандидатот за градоначалник на таа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски го осуди инцидентот.

Полицијата засега нема расчитесно ниту еден од овие случаи.