дома Политика БЕСА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ВЛАДА НА СДС: Заев останува на парламентарно...

БЕСА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ВЛАДА НА СДС: Заев останува на парламентарно мнозинство од 62 пратеници

Лидерот на партијата Беса, Билал Касми денеска на прес конференција соопшти дека неговата партија нема да учествува во Владата.

– Оваа одлука е на Централното претседателство и Централниот совет на партијата, рече Касами.

Тој го обвини мандатарот Заев дека не бил подготвен да го потпише договорот, за како што вели, заедничко владеење и да ги прифати нивните принципи.

– Беса нема да биде во новата Влада бидејќи мандатарот не беше подготвен за заедничко владеење и за тоа да потпише заеднички договор. Ќе продолжиме да бидеме конструктивен фактор во Република Македонија, заштитник на правата на Албанците, но и интересите на сите граѓани. Беса ќе ја поддржи секоја иницијатива на новата Влада која ќе биде во интерес на Албанците и државата, истакна Касами.

На новинарско прашање дали Беса во Собранието ќе гласа за состав на новата влада, Касами рече „како што тргнале со овие предлози од ДУИ, тешко дека ќе гласаме“.