дома Локално БЕСПЛАТНОТО СТАНУВА СКАПО: Ќе се наплаќа користењето на игралиштата!

БЕСПЛАТНОТО СТАНУВА СКАПО: Ќе се наплаќа користењето на игралиштата!

За игралиштата кои во Крушево беа изградени од страна на претходната локална власт и со помош на владата на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе се наплаќаат. Градоначалникот од редовите на СДСМ Томе Христоски донесе одлука за наплаќање на користење на повеќенаменското игралиште и двојно тениско игралиште.

 

Цената ќе биде 300 денари од час за фудбал и 200 денари од час за кошарка и 50 денари од човек за користење на тениското игралиште.

Имено овој ,,проект’’ не се наоѓаше во програмата на Христоски, а крушевчани се крајно незадоволни од ваквата одлука. Општината не даде никакво објаснување зошто ќе се наплаќа за игралиштата. Тие коментираат дека одлуката некој да профитира од игралиште кое е направено со парите на граѓаните е пред се срамна.