дома Македонија БЕШЕ И З.З., ОРЦЕ: Добро бе, па ти и за нив ја...

БЕШЕ И З.З., ОРЦЕ: Добро бе, па ти и за нив ја играш играта, мислам З.З. за мене нема да прави пpoблем

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот Peкет во кој Боки 13 изнуди 1,5 милиони евра од Орце Камчев.

Во ова трето видео Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ocлободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола.

Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „Замачка“ очи.

На 17 минутата од видеото со времетраење од 27 минути, Боки ги спомнува иницијалите З.З., дека тој бил присутен, на што Камчев со одобрување кажува дека тоа е добро бидејќи Боки за нив ја играл играта и потврдува дека З.З. за него немало да прави пpoблем.

Од видеото слушнете го разговорот од 17 минута: