дома Македонија БЕШЕ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК: Oткако влеговме во НАТО, власта го разреши Еленовски

БЕШЕ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК: Oткако влеговме во НАТО, власта го разреши Еленовски

Владата го разреши Лазе Еленовски како специјален претставник за интегрирање на Македонија во НАТО во Брисел.

Поранешниот министер за одбрана беше избран од оваа Влада со поддршка од ДУИ во февруари 2018 на таа функција.

Ваквата одлука Владата ја донела на седницата на 19. мај, а решението за неговото разрешување е објавено во вчерашниот Службен весник.