дома Македонија БЕЈЛИ ЗА ХАРПОТ И ДАЛИ ЗАЕВ МУ Е ОМИЛЕН ПРЕМИЕР: 50 прашаања...

БЕЈЛИ ЗА ХАРПОТ И ДАЛИ ЗАЕВ МУ Е ОМИЛЕН ПРЕМИЕР: 50 прашаања за американскиот амбасадор во заминување

Американскиот амбасадор Џес Бејли, пред завршувањето на мандатот во државава, сними интервју во кое одговара на 50-тина прашања. Прашањата се поврзани со неговиот престој и работата во Македонија.

Најмногу ќе му недостасуваат луѓето од земјата, а најмалку аерозагадувањето. Најомилена маичка му е од скопскиот маратон во 2016 година, додека неговата сопруга од купот маички ја избра таа од Скопскиот џез фестивал. Вели дека ќе му недостасува традиционалниот специјалитет турли тава, прошетките низ планините во Македонија и геврекот од Силбо, а како најнеомилен настан го издвојува оној кога му пукнала гума во близина на Кичево.

На прашањето дали е вистина дека влијаел врз најголемиот дел од политичките одлуки во Северна Македонија, тој во шега одговора:

– Не, за жал, не, но влијаев врз времето благодарение на ХААРП-от.

Тој на на граѓаните во Македонија им порача да бидат оптимисти оти земјава има иднина. Од целото интервју Бејли не одговори само на прашањето кој му е омилен премиер Заев или Груевски.

Бејли заминува од земјава по 4 години служба.