дома Македонија БЕЈЛИ СЕ ПРОСТИ И ОД МИТКО ЈАНЧЕВ: Последната работна посета ја одржа...

БЕЈЛИ СЕ ПРОСТИ И ОД МИТКО ЈАНЧЕВ: Последната работна посета ја одржа со кавадаречкиот градоначалник

Амбасадорот на САД во заминување Џес Бејли, својата последна работна посета ја искористи за да се прости со Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, кој важи за близок до групата на „одметнати“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

 

-Амбасадорот Бејли ја имаше својата последна работна посета токму во Кавадарци, пред истекот на неговиот мандат. Тој дојде да се поздравиме, но ова не е збогум и веќе договоривме наредна средба. Во повеќе наврати амбасадорот, кој е одличен познавач на доброто вино и го има пропатувано светот, ми има потенцирано дека во Тиквешијата ги имаме најдобрите вина, изјавил Јанчев за „Фокус“

Џес Бејли беше амбасадор на САД во Македонија од 2014. година.