дома Македонија БЕЈТА:Со изборот на Стево Пендаровски за претседател и Претседателството ќе дише албански

БЕЈТА:Со изборот на Стево Пендаровски за претседател и Претседателството ќе дише албански

На состанок со раководството на општинската организација, Форумот на жени, Форумот на млади и претседателите на локалните совети на Демократската унија за интеграција во Гостивар претседателот на огранокот и потпретседател на ДУИ Невзат Бејта, пред учесниците зборуваше за важноста на претседателските избори закажани за 21 април.

Бејта изјави дека

Македонија влезе во нова етапа на историјата, усвојувањето на Законот за албански јазик, Преспанскиот договор, како и уставните измени што доведоа до промена на името на државата и кои гарантираат интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

Ние сме на нова страница на историјата на Република С…. Македонија. Ние го избравме за претседател на парламентот, нашиот сограѓанин Талат Џафери. Со донесувањето на Законот за албански јазик Парламентот и Владата зборуваат и албански. Со изборот на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и Претседателството ќе дише албански, изјави Бејта.