Беќаровски: „Hacтинкaтa“ нe ви e нитy oд климaтa, нитy oд иcпoтeнaтa мaицa oд тoплoтo вpeмe, тecтиpajтe ce пpeд дa ce вakциниpaтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски со објава на социјалната мрежа Фејсбук, апелира лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат, бидејќи коронавирусот е раширен.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во Македонија да имаат негативен тест или да се вакцинирани. Не ме послушавте.

На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. Не верувавте и навредувавте.

На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен.

„Настинката“ не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време. Знам дека нема да ме послушате!, пишува д-р Беќаровски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This