дома Хроника Бизнисмен двe гoдини нe плaќaл дaнok..

Бизнисмен двe гoдини нe плaќaл дaнok..

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе oбвинителен акт против едно физичко и едно правно лице за кривичните дела даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги.

Во периодот од 22.12.2016 до 20.05.2018 година, со намера да избегне плаќање на давачка на која е обврзан со закон, првообвинетиот, во својство на управител и овластен потписник во обвинетото правно лице од село Топлица, Врапчиште, затаил парични средства на име данок на додадена вредност, персонален данок на доход и данок на добивка во вкупен износ од 2.447.852 денари.

На овој начин, управителот е обвинет дека сторил кривични дела даночно затајување, како и фалсификување или уништување на деловни книги. Фирмата, пак, како правно лице сторила кривично дело даночно затајување.