дома Економија БИЗНИС ЗДЕЛКА ТЕШКА МИЛИЈАРДИ: Комерцијална Банка и Балфин Груп ќе ја купуваат...

БИЗНИС ЗДЕЛКА ТЕШКА МИЛИЈАРДИ: Комерцијална Банка и Балфин Груп ќе ја купуваат албанска Тирана Банк!

Комерцијална Банка и Албанската инвестицикса група Балфин потпишаа договор за заедничка аквизиција на албанската „Тирана Банк“ од грчката банка „Пиреја“

Според договорот, Балфин ќе го контролира управувачкиот пакет на Тирана Банк, се вели во соопштението на Комерцијална банка, лиферувано преку Македонската берза на акции. Договорот во моментот се разгледува од регулаторните органи во двете земји.

Балфин и Комерцијална Банка ќе се фокусираат на зајакнување на репутацијата на Тирана Банк, со што ќе се дозволи проширување на операциите низ Албанија.

Приеус Банк од Грција во моментот е сопственик на 96.71% од акциите во Тирана банк.

Ивестициското портфолио на Балфин груп тежи 1.4 милијарди евра, додека она на Комерцијална Банка околу 1.7 милијарди.