дома Спорт Бизapeн текст на Економист: Се е во ред со италијанскиот состав ама...

Бизapeн текст на Економист: Се е во ред со италијанскиот состав ама немaaт „цpнци“

„Економист“ објави бизарен напис во кој се жали на недостаток на диверзитет во италијанскиот фудбалски тим, а дел од читателите прашуваат дали истата поплака ќе биде направена и за Нигерија или Гана.

„Највпечатливиот аспект на италијанскиот состав со 26 души пред да излезе на теренот беше тоа што, меѓу играчите , немаше ниту еден играч што се сметаше за обоен“, пишува Економис.

Написот продолжува да сугерира дека победата на тимот над Англија во финалето на Евра беше „победа… за италијанската десница“, веројатно затоа што првиот тим на Англија вклучуваше неколку црни играчи, додека почетните 11 на Италија беа сите белци.

Сепак, демографската статистика илустрира дека е сосема нормално Италија да нема црни играчи.

За разлика од бројните други европски земји, црното население во Италија е релативно ниско – околу 1,5 процент додека повеќе од 92 проценти од земјата е етнички италијани односно белци.

Ова значи дека од 26-те репрезентативци на Италија на Европско, статистички би очекувале дека само 0,39 проценти од нивните репрезентативци ќе бидат црни.

Во реалноста, Италија однесе еден обоен играч на Европско – Моиз Кин – така што црните играчи беа презастапени во италијанскиот состав во споредба со националната демографија.