дома Македонија БИЛЈАНА БРИШКОВСКА ГИ ОТФРЛА ИЗЈАВИТЕ НА НИНЏА: Запрепастена сум од невистинитоста на...

БИЛЈАНА БРИШКОВСКА ГИ ОТФРЛА ИЗЈАВИТЕ НА НИНЏА: Запрепастена сум од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене

Билјана Бришковска, екс-заменик министер за правда во изјава за „Макфакс“ целосно ја отфрли изјавата од сведочењето на Александар Василевски – Нинџа, кој тврдеше дека таа, заедно со уште неколкумина го координирале упадот во Собранието на 27.април


„Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице, Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“ – вели Бришковска во изјава за „Макфакс“.

Нинџа на денешното судење сведочеше дека во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.

-Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи Нинџа, пренесува Фокус.