дома Македонија БИЛЈАНА ВАНКОВСКА: Од лошо, полошо – oва е најнеодговорната влада што...

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА: Од лошо, полошо – oва е најнеодговорната влада што некогаш сме ја имале

Не е проблемот што го насамариле, туку што за премиерот прашањето на политичката одговорност е научна фантастика! Од лошо, полошо! Ова е најнеодговорната влада што некогаш сме ја имале (а конкуренцијата е голема). Најнеодговорна влада со најслаби инструменти на контрола и надзор. Не е вовед, туку сме во срцевината на арбитрерна власт вон секаква контрола. Затоа што е слаба, без легитимитет, таа станува страховлада, пишува универзитетската професорка Билјана Ванковска на Фејсбук по последниот скандал во кој се најде премиерот Заев.