Бил Гејтс го откажа годишниот одмор: Влегуваме во најтешкиот период на пaндемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бил Гејтс ќе откаже поголем дел од своите планови за одмор поради ширењето на омикронот.

„Токму кога се чинеше дека животот се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс на Твитер.

Но, тој рече дека се надева дека крајот на пандемијата е на повидок и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022 година.

Сепак, брзото ширење на омикрон се чини дека негативно влијаело на оптимизмот на Гејтс.

Тој порача дека омикрон се шири побрзо од кој било вирус во историјата и дека тоа ќе биде најлошиот бран што сме го виделе досега бидејќи е многу заразен.

Гејтс рече дека брзото ширење може да значи дека бранот омикрон во САД би можел да трае помалку од три месеци и истакна дека пандемијата би можела да заврши до 2022 година доколку се преземат вистинските чекори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This