дома Свет Бил Гејтс со ново прeдвидyвање за светот по зaвршyвaњето на пaндeмијата

Бил Гејтс со ново прeдвидyвање за светот по зaвршyвaњето на пaндeмијата

По завршувањето на пандемијата ќе има дури 50 проценти помалку службени патувања од претходно, а ќе се зголеми процентот на оние кои работат од дома, прогнозира Бил Гејтс.

Тој за „Бизнис инсајдер“ изјави дека по пандемијата ќе има и 30 проценти помалку канцелариска работа.

Основачот на „Мајкрософт“ смета дека фирмите ќе го подигнат прагот за деловни патувања по здравствената криза, а приватните состаноци ќе се одржуваат ако навистина се итни.

„Мајкрософт“ минатиот месец најави дека ќе откаже половина од своите деловни летови по пандемијата, како и дека е многу малку веројатно дека вработените во таа компанија ќе доаѓаат на работните места, односно почесто ќе работат од дома.

Воведување на сличен хибриден модел веќе најавија и други технолошки компании како што се Твитер и Фејсбук.