Бил Гејтс: “He caкaм дa инвecтиpaм вo биткoин, лoш e зa плaнeтaтa, jac кyпyвaм вakцини”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една нова студија од Универзитетот во Кембриџ покажа дека „рударењето“ на биткоин бара повеќе електрична енергија од цела Аргентина, на годишно ниво, и тоа е она што му пречи на милијардерот Бил Гејтс.

Како што изјави: „Криптовалутата користи повеќе електрична енергија по трансакција отколку кој било друг метод познат на човештвото“.

Истражувачите од Кембриџ велат дека троши околу 121,36 терават-часови (TWh) за 12 месеци, а според Гејтс, „биткоинот е лош за планетата“.

Гејтс претходно рече дека можете да „играте со биткоин само ако сте богат како Илон Маск“, а сега тој повторно укажува на алармантни податоци поврзани со климатските промени.

Коосновачот на Мајкрософт сугерира дека биткоинот е еден од факторите кои негативно влијаат на овие промени.

Накратко, Американецот не е од оние што пропагираат дигитални пари, исто како Ворен Бафет.

„Не сакам да инвестирам во биткоин. Купувам вакцини против маларија. Инвестирам во компании кои произведуваат производи”, рече Гејтс.

Од друга страна, овој милијардер инвестираше во некои други дигитални валути.

Најпопуларната од сите криптовалути е дефинитивно биткоинот, кој моментално вреди нешто повеќе од 50.000 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This