Бислимовски претпоставува дека ЕСМ ќе се стабилизира дури во 2022

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно законот за енергетика јасно е кој ја определува цената на струјата. Ние одредуваме цена на МEПСО, електродистрибуција и на ЕВН Хоум кој во најголем дел ги снабдува домаќинствата. На ЕСМ регулаторната комисија за енергетика веќе не му ја одредува цената. Да бидам искрен во моментов не ја знам цената која ЕСМ ќе ја понуди на ЕВН Хоум, по денешната одлука ќе почне да се прават пресметките, вели Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика.

-Кај нас загубите на електрична енергија при пренос дојдоа до ниво на 14 проценти но регулаторна не го признава тоа туку имаме план за намалување на загуби. Електродистрибуција веќе распиша тендер да обезбеди струја за да се покријат загубите. И МЕПСО е во постапка за набавка на струја за покривање на загубите во преносот на електричната енергија. Значи сега треба да пристигнат сите барања па да направиме пресметка и да ја одредиме новата цена на електричната енергија, појасни тој.

Според Бислимовски доколку барањата ги добиеме на време до крајот на месец декември ние ке можеме да излеземе со конкретна цена.

-До крајот на оваа година ЕСМ цената која што ја нудеше на ЕВН Хоум изнесуваше 36 евра за мегават час. Со овие цени не може да се покријат трошоците за работењето… Со оваа цена Владата има своја определба да има помал трошок и да ја држи ниска крајната цена за крајните потрошувачи. Доколку ЕСМ понуди повисока цена од сегашната за десет проценти доа ќе значи дека на крајната цена ќе се одрази со 5 проценти, дополни тој.

Како што посочи Бислимовски со законот за енергетика за 2022 ЕСМ треба да обезбеди 60 проценти, и доколку остатокот го набавува од слободниот пазар би дошло до драматично зголемување на цената.. Одлуката на Владата ЕСМ да ги задоволи 100 проценти од потребите во овие услови е за поздравување.

-Очекувам во 2022 година ЕСМ ќе се стабилизира и очекувам да имаме стабилно производство и испорака на електричната енергија.Верувам дека во наредниот период ќе почне да работи и ТЕЦ Неготино и на тој начин струјата целосно да биде произведена од домашните капацитети. Во нормални услови каде што нема промени во цената на електричната енергија ние одредуваме цена на стрија еднаш до два пати во годината, со тоа што снабдувачите имаат право да побараат промена доколку драстично им се зголемат трошоците, вели за УБ првиот регулатор во земјава Марко Бислимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This