Битиќи на фopyмoт „Стpaтeшки eкoнoмcки paзгoвopи” вo Хрватска – Во нареднитe 5 гoдини ќе го тpaнсфopмираме енepгeтcкиот ceктор во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на  „Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа” (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и „ТПА групација” (TPA Group) од Австрија, учествува на форумот „Стратешки економски разговори”, кој се одржува во местото Савудрија, Истра, во Република Хрватска.

Во претпладневните часови, вицепремиерот беше дел од панелот „Перспективата на инвестициите во обновливите извори на енергија во Југоисточна Европа, како основа за промените во секторот енергетика”, кадешто зборуваше за стратегиите, политиките и проектите на Владата на Република Македонија кои се спроведуваат во енергетскиот сектор.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата на Република Македонија е посветена на реализација на реформите во енергетскиот сектор, донесен е нов Закон за енергетика кој е усогласен со Третиот енергетски пакет на Секретаријатот на енергетската заедница, усвоена е Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и донесени се поголемиот дел од подзаконски акти со кои се овозможува забрзан развој на енергетскиот сектор и спроведување на праведна и правична транзиција кон обновливи извори на енергија.

„Ги презедовме сите чекори кои се предуслов за енергетска транзиција, помеѓу кои е и целосната либерализација на пазарот, чекор кој нашата земја го направи како прва во регионот. Тоа не е единственото што го направивме како пионери во регионот на Западен Балкан. Први донесовме закон за енергетика кој е во целост усогласен со регулативите и директивите на ЕУ и со Енергетската заедница”, нагласи вицепремиерот.

Битиќи додаде дека во периодот кој следи, во наредните 5-7 години енергетскиот сектор во Македонија потполно ќе се трансформира, пришто ќе се реализираат голем број на јавни и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија.

„Со интервентниот план за ивестиции, којшто неодамна Владата го усвои, како одговор за побрзо закрепнување од пандемијата, но и за побрз и одржлив развој на енергетиката и економијата, генерално, во средорочен период од  5 до 7 години, во земјата ќе се инвестираат 3,2 милијарди евра во енергетскиот сектор, мешан капитал, на приватни и јавни инвестиции. Со ова во следните 5 години, ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Македонија, кон зелени и обновливи извори на енергија. Тоа ќе придонесе за праведна и правична транзиција од конвенционални извори на енергија со фосилни горива кон обновливи извори на енергија и ќе се тежи кон целосно исполнување на Националниот план за придонеси со кој предвидуваме намалување на емисијата на стакленички гасови до 82% до 2030 година во споредба со истите во 1990 година”, нагласи вицепремиерот Битиќи и додаде дека за постигнување на овие предвидувања, се работи и на промената на свеста кај државните тела, но и едукација на граѓаните, затоа што реализацијата на зелената агенда на Владата ќе донесе поголема конкурентност на економијата, но пред се зачувување на здравјето на граѓаните, заштита на животната средина и подобар квалитет на живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This