Битиќи смирува: Се носат мерки за ублажување и надминување на состојбите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на континуираниот процес на дијалог и дискусија помеѓу Владата и другите органи на државна управа со преставниците на бизнис секторот, во Владата на Република Македонија се одржа редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

Од Влада информираат дека на седница се дискутирало за повеќе актуелни теми поврзани со економијата, како што се активностите кои ги презема Владата во однос на актуелната енергетска криза, за измените во однос на „недела неработен ден“ и за статусот на подготовка на новиот системски Закон за работни односи, процесот на намалување на бројот и износот за парафискалните давачки, дигитализација во администрацијата и други теми кои се во интерес на стопанството и економскиот развој на земјата.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Чекиќ Дуровиќ на почетокот ги информираа присутните за активностите преземени од Владата, министерството за економија и другите државни институции кои имаат надлежности во електро-енергетскиот сектор, при што констатираа дека се прават напори да се максимизира производството на електрична енергија од домашни производители. Присутните беа известени дека Владата будно ја следи состојбата и редовно одржува состаноци на кои се дискутираат чекорите потребни да се амортизира состојбата која е предизвикана од енергетската криза во Европа, при што се ставени во функција термо електраните во Битола, Осломеј и Неготино, се следи операционализација на планот за набавка на ресурсите потребни овие капацитети да работат непречено, паралелно се работи на зголемување на производсвото на електрична енергија од обновливи извори, пришто веќе се усвоени четири стратешки проекти за изградба на вакви големи капацитети (фотонапонски централи и ветерни електрани), а се планираат и други мерки со кои ќе се заштитат граѓаните, особено ранливите потрошувачи од евентуалните покачувања на цената на струјата“, се вели во соопштението на Владата до медиумите.

Во однос на „недела неработен ден“, соопштено било дека се направени измени и се очекува Собранието наскоро да ги усвои, пришто законското решение би стапило на сила од 1 јануари 2022 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This