дома Македонија БИТНО ПАТАРИНА ЌЕ ИМА: Владата распиша тендер за патарина за автопат за...

БИТНО ПАТАРИНА ЌЕ ИМА: Владата распиша тендер за патарина за автопат за кој не се знае кога ќе биде готов

Владата го распиша тендерот во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на трите нови патартини „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Патарината на новиот автопат за Охрид ќе биде готова за една година но ќе биде пуштена кога ќе биде готов автопатот иако не се знае кога ќе биде тоа.

Сумата е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој, а во истата влегуваат и трошоците за обезбедување електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар.

Операторот треба да биде познат до октомври, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3 – те нови патарини и да се примени електронската наплата.