Битолската градоначалничка Наташа Петровска на социјалните мрежи ја сподели веста дека е позитивна на Ковид-19.
„Почитувани, по резултатите од денешниот направен тест се утврди дека сум позитивна од Ковид-19.
Следните денови согласно препораките останувам во изолација.
Бидете во добро здравје!“, напиша Петровска во објавата на „Фејсбук“.