дома Македонија Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен од фамилија, морална...

Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен од фамилија, морална одговорност мора да има!

Во синоќешното издание на „Само вистина“ гостуваше поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац кој меѓу другото говореше и за актуелната темата околу Павле Богоевски и случајот со масло од канабис. Тој истакна дека општеството треба еднаш да биде сведок на поднесување на морална одговорност.

Богоевски призна на кој начин се случува таа работа. Ова општество веќе треба да биде сведок на поднесување на морална одговорност. Не ме интересира дали Павле Богоевски нарачувал нешто за болен во фамилијата, или половина од тоа го нарачувал за свои лични потреби. Тогаш се покажува моментот кога се потврдува беззаконието, истакна Бишевац.