April 19, 2024, 12:33 am

Бишевац: Обидот на 3aев да остане премиер и лидер на СДCM ќе биде последната шajка во ковчегот на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев по објавувањето на резултатите од вториот круг даде оставка, а не најави дека ќе поднесе. Тој рече „поднесувам оставка од премиерската функција и претседател на СДСМ“. За умни и чесни, толку тука завршува приказната, останатото требаше да биде техникалија, изјави новинарот и аналитичар Сафет Бишевац за „Само вистина“ на Канал 5, кој додаде дека речиси и да нема веројатност Заев да остане премиер.

Тој уште во понеделникот требаше да поднесе писмена оставка и таа да а достави до Собрание. Но тој одбра да игра поинаку. Мислев дека ќе се повлече, а ме изненади од оставката во партијата затоа што мислам дека тоа му е единствено засолниште следните месеци, рече Бишевац.

Тој истакна дека за оваа влада на СДСМ која ги загуби изборите готово е, дали тоа ќе биде сега, по два месеци или за една година, приказната е готова, исходот не може да биде поинаков освен нови избори.

Противничкиот противник на Заев, во моментов здружена коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не можеше да добие подобар развој на настаните од овој, а тоа е Заев уште еднаш да излаже и да не остане на зборот и да се мачи во наредните неколку месеци. Нема подобра шанса и прилика и тоа само ќе го зголеми поразот на СДСМ во наредните избори, нагласи Бишевац.

Бишевац потенцираше дека обидот за останување на Заев на премиерска функција и како лидер на СДСМ ќе биде последната шајка во ковчегот на таа партија бидејќи повеќе нема да биде иста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This