дома Балкан Би3apHa случка во Бања Лука, жена гри3Ha куче, очевидците шo kирани од...

Би3apHa случка во Бања Лука, жена гри3Ha куче, очевидците шo kирани од инцидентот

Младата бањалучанка Ивона Бијелиќ и нејзиното куче, пудлицата Теса се наше во една неверојатно ситуација, кога миленичето било изгризано за уво од страна на една жена додека седеле во кафуле, објави АТВ.

Според нејзината објава на Фејсбук, додека со кучето седела во кафулето и се доближила жена во средни години, која учтиво замолила да го помилува кучето, по што го гризнала крвнички за уво.

-Жената пријде и праша дали може да ја погали Теса, која тогаш ми седеше во скут и јас и дозволив. Таа почна да ја гали по глава, по што се спушти и ја гризна Теса за нејзиното уво, по што кучето реагираше, а жената си замина, раскажува сопственичката на куќето Ивона Бијелиќ која по настанот го прегледала кучето кое немало видливи повреди.