Блинкен co чecтиткa зa нeзaвиcнocта: Ја имaтe нaшaта нeпoкoлeбливa пoддpшкa зa члeнcтвo вo ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, испрати писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во кое честита 30-години независност и порачува дека САД се големи поддржувачи на Македонија.

– САД се покрај вас додека вие продолжувате со вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, унапредувајќи го владеењето на правото и засилувајќи ги вашите демократски институции. Македонија, исто така, ја има нашата непоколеблива поддршка и кога станува збор за остварување на вашите аспирации за членство во ЕУ, пишува Блинкен во писмото.

Блинкен во писмото вели дека САД со гордост ја поздравиле Македонија како 30 земја-членка во НАТО кое членство, според него, е доказ за посветеноста на земјата кон регионалните и глобалните мир и безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This