дома Актуелно БЛОКАДА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРО-ДПМНЕ поднесе десетици илјади амандмани за законот за двојазичност!

БЛОКАДА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРО-ДПМНЕ поднесе десетици илјади амандмани за законот за двојазичност!

Најмалку 20.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците, информираат собраниски извори. Оттаму велат дека службите се уште ги архивираат и најверојатно таа бројка ќе порасне.

 

Конечниот број на амандманите ќе биде повисок од 30.000, велат од Собраниските служби кои сеуште ги архивираат поднесените документи кои до нив пристигнале во големи картонски кутии.

Ваквиот чекор е единствено оправдано решение ако се има во предвид самоволието на владеачкото мнозинство, кое без никаква дебата претходно, злоупотребувајќи го европското знаменце на предлог законот се обиде да воведе двојазичност на територија на целата држава.

До каде се спремни пратениците на СДС да одат за да го донесат овој закон останува да се види, ако се има во предвид дека истите имаат можност на комисиска расправа каде мнозинството го има владеачкото мнозинство да ги одбијат сите амандмани.

Инаку, претходно за законот гласаа 69 пратеници.

 

Законот за двојазичност е дел од пакетот од „Тиранската платформа“ која беше услов за формирање на владеачко мнозинство, која ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати, а меѓународната заедница ја издигна на ниво на клучен документ за формирање на влада.