дома Локално БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА СКОПЈЕ: Застој на возила на автопатот

БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА СКОПЈЕ: Застој на возила на автопатот

Влезот на Скопје пред Автокоманда е блокиран.

Во сообраќајот има застој од возилата кои направија километарски колони по автопатот, а голем број од возилата сакајќи да го избегнат метежот на автопат се уклучија на улицата Благоја Стефковски во Маџари, но за кратко и таа улица ја блокира и има голем застој.

СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека досега кај нив е пријавена една сообраќајна несреќа која се случила во 10:00 часот на булевар Александар Македонски на влез во Скопје после железничкиот надвозник. Во сообраќајката учествувале три возила Волксваген Поло, БМВ и Мерцедес сите со скопски регистарски таблички.

Полицијата врши увид на местото.