дома Временска Прогноза БЛОКИРАН ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Кај местото Кула блокиран сообраќајот поради снежни наноси, испратена...

БЛОКИРАН ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Кај местото Кула блокиран сообраќајот поради снежни наноси, испратена механизација!

Центарот за управување со кризи информира дека на автопатската делница на патниот правец Скопје- Велес, кај месноста Кула, во краток временски период има наврнато големи количини на снег, што предизвикува застои во сообраќајот заради бавното движење на возилата.

-Веќе е пратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец, велат од ЦУК и апелираат граѓаните да ја имаат во предвид оваа информација и доколку имаат можност да се воздржат од патување по овој патен правец во наредните час до час и половина.

На патниот правец дополнително се испратени патроли на сообраќајната полиција за регулација на сообраќајот.

Од ЦУК дополнително ќе информираат за нормализирање на сообраќајот на оваа патна делница.