дома Хроника БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ ВО ЃОРЧЕ: Се судрија четири возила

БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ ВО ЃОРЧЕ: Се судрија четири возила

Според очевидци, до несреќата дошло кога првото возило од колоната нагло закочило пред обележаниот пешачки премин

Верижна сообраќајка што утрово се случила во скопската населба Ѓорче Петров беше причина за застој на сообраќајот во овој дел од градот.

Во сообраќајката учествувале четири автомобили, а според очевидци, до несреќата дошло кога првото возило од колоната нагло закочило пред обележаниот пешачки премин.

Засега нема информации за повредени лица, а од фотографиите очигледно е дека е предизвикана материјална штета.