дома Локално Блокиран центарот во Велес, расте револтот од политичкиот прогон на патриотите

Блокиран центарот во Велес, расте револтот од политичкиот прогон на патриотите

Револтирани од политичкиот прогон на патриотите, граѓани со свои возила го блокираа сообраќајот на главните улици во Велес.

Блокирана беше улицата „8-ми септември“ во центарот на градот. Протестот потоа продолжи по улицата кон раскрсницата со семафорите и улицата „Благој Ѓорев“.

Граѓаните повеќе не можат да седат и немо да ја гледаат политичка одмазда и терор на власта врз оние кои застанаа на патот на распродавањето на државата.

Додека се протестираше одекнуваше химната на Република Македонија и се скандираше и „Македонија“.