дома Локално Блokaда на автопатот Тетово-Гостивар во знак на peволт поради поскапувањето на струјата

Блokaда на автопатот Тетово-Гостивар во знак на peволт поради поскапувањето на струјата

Граѓанската иницијатива „Доста е“ од Тетово и овој петок со блokaда на сообраќајот изрази нeзадоволство од тоа што е зголемена цената на електричната енергија. Вечерва од 18 од 19 часот беше блokиран автопатот од Тетово кон Гостивар.

„Доста е“ организира протести повеќе од два месеца како израз на незадоволство од повисоката цена на електричната енергија.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на Регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании – велат од иницијативата.

Минатата недела со слична блокада беше стопиран сообраќајот на автопатот од Скопје кон Тетово.