дома Македонија БОБАН НОНКОВИЌ ДИРЕКТНО ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Иванов е единствен бранител на Уставот...

БОБАН НОНКОВИЌ ДИРЕКТНО ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Иванов е единствен бранител на Уставот и има можност да го блокира преименувањето во ООН!

Долгогодишниот дописник на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ, денес се обрати до претседателот Ѓорѓе Иванов од Европскиот парламент, посочувајќи неколку опции за блокада на капитулантскиот договор со Грција, но и ги повика граѓаните на постојана борба до пораз на оваа анти-државна политика на Зоран Заев и СДСМ

 

Нонковиќ го повика претседателот Иванов паралелно со известувањето на владата до земјите кои претходно не признале под Уставното име, да испрати известување дека таквиот договор е нелегитимен и противуставен, а дека оваа влада не е надлежна за решавање на вакви прашања. Освен до претседателот, Нонкоивќ повика оние кои имаат можности да ги искористат сите свои капацитети, пријатели и познанства за да ја шират вистината за Македонија низ светот со цел да се блокира бришењето на нацијата.

Во продолжение, обраќањето на Нонковиќ.