дома Македонија Божиновски: Директорката на „Димитар Влахов“ работи со фaлш сертификат, со потпис од...

Божиновски: Директорката на „Димитар Влахов“ работи со фaлш сертификат, со потпис од Шилегов

Со фалсификуван сертификат од Бугарија за познавање на англиски јазик, но и низа неправилности во документацијата, директорката на средното стручно училиште „Димитар Влахов“ од Скопје Лидија Андоновска – по трет пат била избрана за вршител на должноста, обвинува екс директорот на школото Ванчо Божиновски. Тој за Алфа рече дека на ваков начин се кршел и Законот за средно образование.

Дека случајот бил неисправен, потврдиле и од Државниот просветен инспекторат, вели тој. Јавно ги покажа сите документи кои сведочат за неисправноста на случајот.

– Дипломата не е веродостојна, бидејќи ние веќе имаме поднесено барање до Државниот просветен инспекторат, по што тој како овластена институција поднесе барање до Британскиот совет за да испрати мислење на веродостојноста на сертификатот, по што добивме мислење од оваа институција дека госпоѓата нема право да биде вршител на должноста, па со тоа не може да ја извршува должноста директор, зашто не ги исполнувала условите, вели за Алфа Ванчо Божиновски, вработен во средно стручно училиште „Димитар Влахов“.

Дека сертификатот бил од Софија потврди и првиот човек на Град Скопје, но ги отфрли сите обвинувања дека тој бил фалсификат.

Алфа беше да ја побара Лидија Андоновска во школото, но таа не беше таму.

Директорката на основното стручно училиште „Димитар Влахов“ денеска не беше на своето работно место. Од таму ни кажаа дека била на состанок, и најверојатно денеска немала да дојде на работа.

Андоновска на чело на училиштето е нешто повеќе од една година. По објавениот конкурс, комисијата на училиштето ги примила документите на сегашната директорка, но и покрај наведените неправилности, повторно ја назначува на челна функција. Останатите кандидати иако според нашиот соговорник имале комплетна документација биле отфрлени како неосновани. Сега на потег е директорката директорката да се произнесе.