дома Македонија БОКИ ВРШЕЛ ПОВРАТ НА ДАНОК СО ПАСОШОТ НА СУДИЈКАТА: Мери Дика –...

БОКИ ВРШЕЛ ПОВРАТ НА ДАНОК СО ПАСОШОТ НА СУДИЈКАТА: Мери Дика – Георгиевска на денешното сведочење за „Рекет“

Судијката Мери Дика – Георгиевска од Апелациониот суд Скопје, кума на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, прва денеска сведочи во предметот „Рекет“. При сведочењето потврди дека зимата 2018 година заминале со кола за Милано таа, Бојан Јовановски, мајка му на Јовановски и возачот. Нејзиниот син 5 години живее во Милано.

„Што купуваше Бојан?“, праша обвинителката.

„Не знам, со мајка му бев“, одговори таа.

„Вашиот пасош е приложен за враќање средства со такс-фри?“, ја потсети Дика обвинителката.

„Да, мајка му купуваше, јас ѝ го дадов мојот пасош за податоци за такс фри. Не беа тоа големи суми“, рече Дика.