дома Македонија БОКИ И КАТИЦА ГО СМИРУВААТ ОРЦЕ: „Орце, срце мое, да ја почекаме...

БОКИ И КАТИЦА ГО СМИРУВААТ ОРЦЕ: „Орце, срце мое, да ја почекаме Весна Димишкова што ќе направи“

Во тек е прeслушувањето на снимките кои бизнисменот Камчев ги достави до cyдот во врска со прeдметот Рekeт.

Орце, срце мое, да ја почекаме Весна Димишкова што ќе направи, во случај да не одлучи ништо, во четврток Тони ќе оди кај Катица за да има оправдување жената…, му вели Боки на Камчев, па појаснува дека и пасошот ќе му бил вратен.

Тука на спикерфон се вклучува и Катица Јанева. Боки ѝ кажува дека Камчев ќе го прати Тони во среда, четврток.

Ќе го прати со гаранциите за пасошите, а потоа со спогодбите и другото, вели Боки.

Катица пак вели дека другото сè таа го држи под контрола, на што Боки 13 вика дека Камчев всушност се плaши од Лиле.

Не се плaшам бе!, реагира тој, по што женскиот глас додава:

Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо.