дома Хроника Боки 13 избркан од cyдницата поради нeпристојно однесување

Боки 13 избркан од cyдницата поради нeпристојно однесување

Боки 13 барал средба со премиерот Зоран Заев пред три години за да добие поддршка за проект. Но барал и информации за отворена истрага. Комуникацијата која била водена на WhatsApp апликацијата, денеска беше презентирана во судница, во процесот „Меѓународен сојуз“.

Боки 13 до Заев: Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба. Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа?

Заев: Ќе се видиме, МВР ќе направи истрага, се надевам дека се е легално!

Интензивна комуникација Боки 13 имал со поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски, но и градоначачникот на општина Карпош Стефан Богоев, околу изградба на дом за стари лица. Се разгледувале и катастарски парцели за идна градба со бизнисменот Ардијан Амзоски кој сега е оштетен во овој случај. Во една од пораките Амзоски му покажува на Боки13 парцели во општина Карпош и булевар Илинден.

Адвокатот на Јовановски реагира дека се презентираат докази од мобилниот телефон на Боки13 кој не е вештачен.

– Се презентира нешто што не е вештачено, се работи за истиот телефон кој и во рекет и тука не е вештачен од овластено лице дека претставува доказ. Основна задача на ЈО е да изврши една селекција на нешто што не е релевантно, тука слушаме некакви си честитања за верски празници и слично. 250 страници Watsapp комункација дали две или три се релевантни за ова обвинение. – вели Сашко Дукоски адвокат.

Поголем дел од денешното рочиште Боки13 го помина во ходникот пред судницата избркан поради непристојно однесување. Додека се презентираа доказите Јовановски реагираше дека судијката е под притисок и не дозволува детално да се објаснуваат кои лица се на фотографиите во мобилниот телефон. „Се плашите затоа што ви се закануваат со разрешување ако не не осудите,“ порача Јовановски на судијката Софче Гаврилова.