дома Македонија БОКИ 13 ОСТАНУВА ВО ПPИТBOP: Oдбиена жaлбaта со која бараше да се...

БОКИ 13 ОСТАНУВА ВО ПPИТBOP: Oдбиена жaлбaта со која бараше да се бpaни од слобода

Бојан Јовановски останува во притвор, откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба со која бараше да се брани од слобода. Судиите оцениле дека се уште постои можноста Јовановски да се даде во бегство и да не биде достапен за органите на прогонот. Тој бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствна состојба и неможноста истата да се третира во затворот.

Засега, се уште нема одлука по жалбата на Катица Јанева, која пак бара да и се укине мерката куќен притвор. Претходно, пред крајот на ноември Апелација и ја уважи жалбата на Јанева и ја пушти од затворски притвор. Јовановски и Јанева се обвинети во случајот „Рекет“. Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, а Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари.

Извор: А1 ОН