Боки 13 се чувствува подобро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се чувствува добро после операцијата на желудникот, која му беше извршена пред околу една недела, поради прснат чир.

Ова за Фактор го потврди д-р. Љубен Арсенков, директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, или позната како старата Градска болница.

Како што е познато, вечерта на 8 септември врз Јовановски беше извршена хируршка интервенција на желудникот, во болницата во која беше пренесен од затворот во Шутка, каде што го издржува притворот.

„Бојан Јовановски пред два дена е пренесен од Одделот за интензивна нега – на одделение, односно на Одделот за аддоменална хирургија. Тоа значи дека се подобрува неговата состојба. Неговата здравствена состојба е стабилна, а постоперативниот период се одвива нормално, во согласност со нашите очекувања, и без никакви компликации“, вели д-р. Арсенков за Фактор.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This