April 24, 2024, 12:04 am

Болеста не биpa: Од ковид-19 пoчинa paдиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од компликации од Ковид – 19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен. Вработените од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка, која ја изгуби битката со вирусот.

-Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас. Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика. Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа, велат колегите. Стојановска – Ѓоргиевска ја опишуваат како насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност. –

Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден. Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно. Прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка. Чест ни е што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата, стои во прошталната порака од вработените од Здравствен дом – Ресен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This