дома Македонија БОЛНИТЕ ОД РЕТКИ БОЛЕСТИ ЗА ФИЛИПЧЕ: Може само тендер да зграби! Побрзо...

БОЛНИТЕ ОД РЕТКИ БОЛЕСТИ ЗА ФИЛИПЧЕ: Може само тендер да зграби! Побрзо да не yмре!

Лицата со ретки болести речиси секодневно ги потсетуваат надлежните дека нема терапија за нив, но се нема слух за нив. Снежана Бојчин на својот Фејсбук проифил коментираше „Ретки сме. Имаме и дијагноза Цистична фиброза – ама соодветна терапија никако да добиеме. Иако cмpтноста е најчеста меѓу сите ретки, ни тоа не е доволен поттик за нив да се најде решение и да се даде приоритет. Изгледа не е само до реткоста!“

На нејзиниот статус реагираа многумина со различни видови ретки болести, како и членови на нивните семејства, и нивни блиски.

Граѓаните реагираат и во контекст на последните информации поврзани со министерот за здравство Венко Филипче дека има акции во одередена компанија.

– Ај, па може ќе продаде некоја акција министерот, па ќе најде пари и за ретките!, коментираат на статусот на Бојчин.

Други пак коментираат: „Може само тендер да зграби! Не да продаде! Побрзо да не yмре!…“