дома Балкан БОЛECTA HE БИРА: Прв случај на кopoнавирус во Владата на Србија

БОЛECTA HE БИРА: Прв случај на кopoнавирус во Владата на Србија

Српските медиуми пред малку објавија дека во нивната земја е регистриран првиот случај на коронавирусот во владата на земјата.

Станува збор за Бранислав Блажиќ кој е секретар во Министерството за заштита на животната средина.

Како што дознава „Блиц“ тој потекнува од Кикинде, градот кој е еден од жариштата на епидемијата во Србија.

Сите од министерството кои биле во контакт со него се во изолација, а истиот е хоспитализиран на инфективната клиника во Белград.