Пиштол, куршуми, бомби, тромблонска мина, гранати и марихуана полицијата пред два дена пронашла во дом на 52-годишен жител на село Брвеница, тетовско.
На 11 јули 2018 година во период од 16:50 до 21:20 часот од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 7,65 мм, 32 куршуми за пиштол, тромблонска мина М-60, две тела од рачни бомби М-75, три детонаторски каписли, комулативни гранати и едно полнење за гранати, како и 21,31 грам марихуана.