дома Македонија БОНУСИ И ВО РЕГУЛАТОРНА: Регулаторите во регулаторна комисија си делеле бонуси по...

БОНУСИ И ВО РЕГУЛАТОРНА: Регулаторите во регулаторна комисија си делеле бонуси по примерот на ДИК!

????????????????????????????????????

Не се само членовите на ДИК кои си делеле бонуси, истото го правеле и членовите на регулаторната комсија за енергетика, обвинија граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење на денешниот 144-ти по ред протест по ред. Маријан Ненов од граѓанското здружение „Но пасаран“ ги повика надлежните институции да проверат како членовите на регулаторната комисија за енергетика покрај високи плати си делеле и разни надоместоци и награди.

„Бараме да се испита како може да имаатплати од 2000 до 3000 евра? Потоа да се провери како се делеле бонуси, награди и како се договарале кој да оди на скапи службени патувања, со скапи авиони. Згора на тоа имале и службени картички со огромни суми. Зошто им се овие картички и за кои цели се трошеле парите? Добивале надоместоци и за транспорт, иако имаат и шофери и станови тука во Скопје“, рече Ненов од „Но пасаран“.