дома Свет Борел: Брисел ќе соработува со Талибанците, тие се победници во вojнатa

Борел: Брисел ќе соработува со Талибанците, тие се победници во вojнатa

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Талибанците ја добиле војната во Авганистан и дека секој мора да извлече поука од тоа.
Борел додаде дека Брисел ќе мора да соработува со радикалното авганистанско движење, бидејќи тие излегоа како победници од деценискиот конфликт, пишува РТ.
ЕУ ќе продолжи да дава помош за авганистанскиот народ, додаде тој, повикувајќи ги Талибанците да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.
Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели откако започна офанзивата на Талибанците врз поголемите градови.

Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот, тие влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата со цел, според него, да „спречи крвопролевање“.