Борел: Што да правиме со Русија, таа нема да исчезне, ниту да го промени своето однесување…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел, смета дека Русија тешко дека ќе го смени својот модел на однесување во блиска иднина.

„На крајот на краиштата – Русија е наш најголем сосед. Таа нема да исчезне никаде и тешко дека ќе има политички промени во блиска иднина што ќе доведат до значителна промена во моделот на однесување”, посочува Борел во написот „Како да се живее со Русија“, објавено од Службата за надворешни односи на ЕУ, пренесуваат европските гласила.

Во напишаното Борел ги истакнува главните насоки на дејствување во билатералните контакти со Русија, кои тој ги дефинира како тријада: спротивставување, воздржување и вклучување.

Ова како што пишува Борел, би значело- да има спротивставување на намерното кршење на меѓународното право од Русија, да се спречи обидот на Кремљ да го наруши единството на ЕУ, и да се соработува со Москва за решавање на глобалните и регионалните проблеми.

Во првиот случај, шефот на европската дипломатија ја наведува ситуацијата во Украина како пример. Според него, Брисел треба да осигура дека руската страна ги спроведува договорите од Минск и продолжува да врши притисок врз Кремљ во врска со случајот МХ17.

Со цел да се реализира вториот принцип, Борел повикува на обезбедување почитување на европскиот закон со цел да се спротивстави на сајбер нападите и обидите за дезинформација, кои наводно доаѓаат од Русија.

Говорејќи за третиот постулат, Борел истакнува дека Кремљ бил и останува голем играч на меѓународната сцена, а во последно време успеа да го зголеми своето влијание во многу региони во светот. Тој исто така повика на соработка со Русија во борбата против пандемијата на коронавирус и нејзините последици, објавија руските агенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This