дома Балкан БОРИСОВ МУ СЕ НАЛУТИ НА АНАТОЛИЈ КАРПОВ: Македонија во срцето на проблемот...

БОРИСОВ МУ СЕ НАЛУТИ НА АНАТОЛИЈ КАРПОВ: Македонија во срцето на проблемот помеѓу Бугарија и Русија!

Бугарскиот премиер и другар на Зоран Заев, воедно и негатор на Македонскиот идентитет Бојко Борисов ја откажал средбата со легендата на шахот и пратеник во Руската Дума Анатлиј Карпов, со образложение дека нема намера да остварува средби со луѓе кои велат дека словенската писменост и кирилицата доаѓа од Македонската земја

Карпов денес требало да се сретне со Борисов во бугарската влада, но Борисов ја откажал средбата откако Карпов на утринското гостување на една од локалните телевизи истакнал дека во Русија е општо познато дека кирилица доаѓа од Византија, поточно од Македонската земја, потврдувајќи ја изјавата на Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин, на 24 мај на средбата со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изјави дека словенската култура и писменоста на сите словенски народи вклучително и Рускиот, доаѓа од Македонија.

На ова жестоко реагираше Бугарија, која се труди да наметне фалсификувана историја за потеклото на Светите браќа Кирил и Методиј.